• среда, 18 декември 2024

#SellSafe - кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет под покровителство на eComm 2021

#SellSafe - кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет под покровителство на eComm 2021
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Република Северна Македонија е една од земјите учеснички во годишната кампања под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2021 година (eComm 2021) предводена од Европол и австриската Служба за криминалистичко разузнавање (Bundeskriminalamt), насловена #SellSafe (продавај безбедно) и #BuySafePaySafe (купувај безбедно, плаќај безбедно), чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека кампањата претставува заедничко јавно-приватно партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби. Годинешната кампања, посочуваат од МВР,  пособено се фокусира на е-трговците, помагајќи им подобро да откријат измама на нивните платформи и оспособувајќи ги да преземат чекори за заштита на својот бизнис и на клиентите од вакви напади.Во eComm 2021 ќе учествуваат и надлежните агенции за спроведување на законот од сите земји учеснички со нивни истражни мерки и нивна поддршка за eComm 2021 за подигнување на свеста преку годинешната кампања наречена „Продавај безбедно“ (SellSafe). Пријавените случаи ќе се селектираат во Европол и ќе бидат означени со eComm 2021 за да им се даде приоритет.
Имено, Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје се вклучија  во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од огромен број земји се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол за да споделат практични совети за безбедно купување преку интернет, односно како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат овој начин на купување. фф/ац/

Остани поврзан