• сабота, 28 декември 2024

SafeJournalists: Јавна осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите во Северна Македонија – институциите мора да реагираат

SafeJournalists: Јавна осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите во Северна Македонија – институциите мора да реагираат
Скопје, 23 октомври 2021 Во овој период бевме сведоци на повеќекратни, тешки навреди, вербални напади и обиди за јавна дискредитација кои придонесоа за загрозување на безбедноста на новинарите во Република Северна Македонија. Во неколку одвоени инциденти, новинарите Џумадије Ибраими од ТВ Клан, Салије Садику ТВ 21 и Ферикан Арифи од Еуроњуз Албанија и други беа опструирани во нивната работа додека известуваа за изборниот процес од членови на изборни комисии, членови на политички партии и полицајци. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ги осуди овие опструкции и побара од Државната изборна комисија (ДИК) и Министерството за внатрешни работи (МВР) итно да постапат и да ги решат сите пријавени инциденти од изминатата недела. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на вчерашната прес-конференција изјави: „Влегуваме во завршна и најжестока фаза од изборната кампања – јасно и гласно предупредуваме дека сето тоа мора веднаш да престане. МВР, Државната изборна комисија и обвинителството мора веднаш да реагираат за да покажат дека нападите врз слободната мисла се недозволиви. Сите овие случувања оставаат лузни на медиумската сцена и на демократската атмосфера низ државата. Затоа бараме реакција од надлежните веднаш, не утре, туку сега“, истакна Чадиковски. Мрежата „SafeJournalists“, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на напорите на својата членка ЗНМ во подигање на свеста за проблемот со повреда на правата на новинарите особено во периоди на избори, додека правото на информирање е суштинско и се приклучува на повиците надлежните институции да ги разрешат инцидентите и да ги казнат сторителите. Само со брза реакција на институциите ќе се избегнат поголеми инциденти во кои може да биде загрозен физичкиот интегритет на новинарите. Мрежата „SafeJournalists“ ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи. Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани. Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 22.10.2021 Здружение на новинари на Косово Здружение на новинари на Македонија Здружението на новинари на БиХ Хрватското здружение на новинари Независното здружение на новинари на Србија Синдикат на медиуми на Црна Гора Здружение на новинарите на Македонија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан