• среда, 27 ноември 2024

Sвездата на „50 нијанси сиво“, Дакота Џонсон цел живот се бори со депресија

Sвездата на „50 нијанси сиво“, Дакота Џонсон цел живот се бори со депресија
Лос Анџелес, 1 февруари 2021 (МИА) - Американската глумица Дакота Џонсон, која се прослави со улогата на Анастасија Стил во филмот „50 нијанси сиво“ во книга на британската авторка Е.Л. Џејмс, искрено говори за нејзината долгогодишна борба со депресијата. Дакота е ќерка на познатите глумци-ветерани Дон Џонсон и Мелани Грифит. Во ТВ-емисијата на Дру Баримор, таа открива дека уште на 14-годишна возраст пошла на психотерапија поради тој нејзин проблем. „Веројатно ќе треба да одам на терапија до крајот на мојот живот, но тоа е добро затоа што учењето за еден човек никогаш не престанува. Благодарна сум ѝ на психологијата затоа што тоа навистина ми помага. Јас сум среќна што сум опкружена со луѓе кои постојано ме поттикнуваат да се отворам кон светот, да ги разберам своите проблеми и да се истражувам себеси подлабоко, вели младата глумица. Таа натаму вели и дека за време на карантинот поради пандемијата, таа интензивно ѝ се посветила и на интернет-психологијата за да се справи со својата депресија. Актерката во мигов е  актуелна со новиот филм „Наш пријател“, во кој глумеше заедно со Кејси Афлек. Таа, покрај тоа, е во среќна врска со Крис Мартин - пејачот на поп-групата „Колдплеј“ и поранешен сопруг на Гвинет Палтроу. си/сд/

Остани поврзан