• четврток, 26 декември 2024

Oд верските календари

Oд верските календари
25 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 март. Денеска е Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници. Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден. Се слави секогаш во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марко. Свети Марко го следел свети Петар на неговите апостолски патувања. Заедно со свети Петар отишол во Рим. На римските верници им ги преведувал говорите на Петар бидејќи многумина не разбирале латински и грчки. На нивно барање, во 44 година настанало Марковото евангелие со кое сакал да докаже дека Исус Христос е Син Божји. Марко во апостолските патувања го следел и апостолот Павле. По маченичката смрт на свети Петар и Павле во 67 година, за време на царот Нерон, Марко заминал во Египет. За време на светата Миса во Александрија во 68 година, паганите го убиле. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:32 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 48 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан