• среда, 25 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
12 август 2021 Од чудата на Пресвета Богородица О Просветившемсја слепце Чудо 60. Слепец некиј от утроби матернија именем Дидим, муж благочестив и добродетел љубил много и црков. Никој пат не оставил црковнија правила зашто бил многу разумен. И от Божија благодати се научил и се препирал со невернии, сос Евреи, и сите от него биле побеждени. У еден ден чинејќи словопрение на похвала Богоматере, и се посрамотиле Евреите и не можеле да му се противат. И му се смееле и говориле: „Нели те е срам, слепчо и безумне, да служиш и да веруеш на таја што не може да те просвети? Да е она истиннаја Богородица, она би те исцелила да не си слап, кога имаш толку љубов на неа и говение.“ Он им отговорил: „У тој ден даќем вам отговор за това.“ И отиде дома, даде милостиња многу и се молил с пост три дни и три ношти на всемилостиваго Бога и Богородица да го просвети на посрамление неверних и нечестивих Јудеев. После се собрале у тој ден што рекл слепио. Собрал сите еретици и Евреи и много христиане у една церква голема и се застојал поред икона Богоматери, говорил високо сите да го чујат: „Владичице и Госпоже всја твари, присноидево Богородице! Какво си се сподобила та си родила без истленија всех Бога, чудо от века, што никој не чул – тако сотвори и на мене грешнаго малое чудотворение и даруј ми свет на очи мои, зашто не сакам да чиним рахат – како сам до сега благодарно трпел така би трпел доде сам жив, што ми ти помагаш – ами да се уверат тие што са овде зашто си на истина родила ти син Божиј неизреченним образом, како сам он знае, да се обрнат и еретици невернии, да дојдат на истинна и права вера и да покажат твоја величија.“ Така рекл сос права вера без шубе. О твоја величија, Богородице! И прогледна слепио и сите прославили Бога што чини такваја дивна чудеса сос Свјатаја Богородица. И многу еретици и Евреи поверували благочестие. Тие сите биле слепи зашто не верували Христа и он ги просветил. И поживејал после богоугодно и прејде на вечна живот. О избавлшемсја од потопленија морскаго Чудо 61. Пише Викентиј в „Зерцале истории“: Плавеле по море поклоници, ишле во свјатиј град Јерусалим. Се отворила гемијата и излегла многу вода внатра и не можеле да ја избацат. Видел гемиџијата корабљу погибел. Спуштил шајка у море и он влегол сос еден владика и другии богатии. А еден од них паднал у море и се удавил. Кога се напунила шајката, рекл владиката на тие што са били у гемиата: „Да ни простите на нас, братие, зашто не можеме да ви поможиме, ами да се исповедате еден другого, да ви прости Господ греховете.“ Така учиниха и се опростиха меѓу себе и сите се утопиха што беха у гемиата. А владиката и другиите сос него плакале и се молили Богу да се спасат нихни души. После гледали по морето и видели дека излазат от морето голубии летели на небото. И познале зашто са на тија душите што се удавили у гемијата. И се радували и жалили зашто и они не умрели сос них. И дошли на крај и видели ненадејно другар нихни што беше се удавил у морето кога слизал у шајката. Видели го и се зачудиле и питале го: „Како си излегол од морето?“ А он рекл: „Кога сам паднал у морето, молил сам се на Богоматер да ми поможе. Ама сам се молил сос вера без шубе и така што скоро помага да се најде пред мене и у тој час ме извади на крај.“ И сите прославили Бога и Пресвјатаја Богородица. Подобно о избавлшемсја от волненија Чудо 62. У таја книга пише: Еден игумен плавал по море и се дигал еден ветар голем и чекали веќе да се издават. Едни викали Свјатиј Николаја, а другии апостола Андреа, а другии другого свјатаго, кој на кого имал љубов. Игумен видел зашто никој не вика што се може да учини царица – она владее и господствуе небо и земља и море. Рече им: „Што чините, братие? Зашто призиваете слуги, а сте заборавили царицу? Она може от сите свјатии помногу!“ Тогај сичките согласно викнали да их избави от таквија беди. Така и игумен се молил. И бил болен, три дни не јал ништо, станал со сила и подигнал икона Богоматере и говорил: „Велико имја свјатија Троици, Пресвјатаја Богородице, помози нам!“ И тогаш видели на диреците горе високо голем светилник сос многу светлост. Тој свет просветил сичката гемиа и темнотата ноштна побегнала и се укротило морето и се учинило тихо сето море. Кога се осамнало и станало ден, и се нашли при крај дека сакале да идат, во слава Богу у Богоматере. Од книгата „Собрани текстови“ од Јоаким Крчовски, Скопје 1974 г. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан