• среда, 18 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
26 октомври 2020 Света новомаченица Злата Мегленска  Пример за саможртва за својата вера Светата новомаченица Злата Мегленска набргу по загинувањето била сметана на светица и со нејзиното име биле поврзани некои свети места во близината на селото. Именден празнуваат: Злата, Златка, Златица, Злате... Светата новомаченица Злата Мегленска станала симбол на отпорот против турскиот поробувач и пример за одбрана на христијанската вера. Била една од трите ќерки на еден селанец од селото Слатино, Мегленско. Кога поодраснала била многу убава поради што била забележана од синот на селскиот агалар, познат зулумќар и силеџија. Тој намислил да ја земе и еднаш кога таа во блиската шума собирала трески за печење леб, со група пријатели ја грабнал и ја одвел во својот дом. Се обидел, во почетокот, со убаво да ја убеди да ја смени верата и да стане негова анама ветувајќи ѝ богатство и раскош. Но, Злата сето тоа го одбила велејќи дека е решена побргу да умре отколку да си ја мени верата. И кога со ништо не успеал да ја придобие ја предал на лошите џелати да ја измачуваат. Злата Мегленска била подложена на најжестоки измачувања. Ја тепале со камшик, ја обесиле на дрво со главата надолу, и дереле ваши од кожата, а потоа врзана со ортома за врат ја шетале низ селата за да ги заплашуваат христијаните. И кога со сите тие тортури не успеале да ја скршат и да ја придобијат ја исекле со меч на 13 октомври (с.с.) 1795 година. Деловите од нејзиното тело џелатите ги фрлиле во реката Мегленица, а подоцна овчарите ги нашле во еден вир, ги собрале и ги однесле во домот на нејзините родители, по што биле погребани по сите христијански обичаи. Набргу после смртта населението ја сметало за светица и ѝ биле посветени некои свети дрва во близината на селото. Житието на Света Злата Мегленска го напишал светогорскиот калуѓер Никодим во 1799 година. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан