• среда, 25 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
3 август 2021 Народни обичаи Премоз Овој обичај се изведува на петтата недела по Велигден на следниов начин: Бидејќи горноџумајските села се распрснати по маали, по неколку маали во едно село се собираат и определуваат ден, обично во недела или понеделник и место каде што ќе ги замолзуваат молзниците. Еден ден пред „премоз“ прават „одбив“ т.е. секој стопан ги одлачува јагнињата и јарињата од нивните мајки. Во предвечерието на „премоз“ се собираат неколку селани и одат во некоја куќа да „царкат“ т.е. да го измолзат млекото од молзниците кои ќе одат на „премоз“. Утрината секој стопан ги пасе молзниците во нивите да пуштат повеќе млеко на „премоз“. Од секоја куќа подготвуваат погача, печено јаре, вино, ракија и одат на нивата. Кон пладне се собраат сите молзници на нивата и секој стопан си ги мозе молзниците во ведро или котел и во тој сад ставаат мирудија и Богородична билка со цел да измолзат повеќе млеко. А пак други определени за тоа да го мерат млекото колку е измолзено одделно за секого. Млекото го сметаат така: ако има четири прави една мера, една ока-ведро. Молзниците ги молзат до три пати. Измолзеното млеко откако ќе го измерат го потсируваат. Откако секој ќе го направи горното, ги растураат сите молзници, а пак моми и жени играјќи оро ги заобиколуваат молзниците. Најпознатите песни кои што се пеат кога играат оро околу измолзените овци е следниве: 1. Девојко, мори девојко! Мари дали знаеш зашто офчар слезна, от врх от планина, От бела бачија, тебе да те види, на која си нива под која си сенќа кој ти сенќа чини кој ти вода носи! А девојка веле: - Лудо, море лудо! Офчару, офчару, син, зелен гајтану! Да би мома имал, да би ме милувал китка би и набрал девет вери в неа, од гора гороцвет, од осое лиљак, од присое калеш, пд грамада здравец, од градина ружа, од поле трендафил, од ливада невен, од бахча босилок, од цвете калофер! Ја офчар и вели: - Девојко, девојко пуста невернице! И ти ли не веруваш, дека са, кејаа, на девет бачии по девет илјади, дури да измаза, това сиво стадо дури да прецада това пресно млеко дури да потсира дури да распрата младите офчаре ќитка бех ти набрал девет вери в неа, на глава ја затнах на белата чалма дружината видоа та си потсме’а: - Офчару, офчару! Кому китка береш, тизе сестра немаш, нито братучедка, нито милна сна’а, тизе мома љубиш, неа ќе ја носиш! Та ќитката фрлих, а тизе девојќо, да би ме миловала, крпа би ми навезала, девет сфили ф’неа од девет градове, градове купена. - Друшќи ме видоа та се потсме’а: „Кому крпа везеш? Тизе брата немаш, нито братучеда, а ти љубне љубиш! Та крпата фрлих.“ 2. Кренала је Огнана Марија! През Предел планина на Премоз, дигнала је каца и качета и дигнала ведра и ведрици. На пат се је Мара досетила а ту викна, викна ко’ку може: - Ој ле Боже, ој ле мили Боже! Като сам кренала на премоз, като сам кренала, с куго сам си: јазе брата немам, ни братучеда, кој ке мене страга да напарави, кој ке мене стадо да наврти, кој ке мене млеко да измазе, кој ке мене офчаре распрати? Дочул ја је Јован млад ќејаја. - Ајде, ајде Огнена Марие! Та за това немој грижа брати, ја ќу тебе страга направити, ја ќу тебе стадо измазити, ја ќу офчаре распратити. Потоа се собираат на трпеза каде што се гоштеваат од гозбите и подготвеното стригле и пресно сирење, направено од стриглето, а пак молзниците ги тераат на паша неколку мина офчари. Тука ставаат специјалист човек да вади од млекото за време на престојот на молзниците во бачилото мандрата, сирење, масло и изваркач, него го викаат бач, му даваат по половина ока млеко од секој молзница, зема 500 оки млеко. На бачот му помага еден помошник за 200 - 250 оки млеко што го наречуваат фичур. Тогаш распоред прават офчарите. Тие се договараат како да ги распределат молзниците преку ноќите да лежат на нивните ниви. На другиот ден доаѓа некој од стопаните на бачилото, кој го определува бачот да бачува. Тој е задолжен да носи дрва за потсирување на мекото и леб на бачот. Ако му пуштиле молзниците три мери ќе му дадат масул од 300 оки млеко. Од Горноџумајско, запис на Антон П. Стоилов. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан