• среда, 25 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
13 август 2021 Народна филозофија Народни пословици и поговорки Дружба си е дружба, служба си е служба. Дума дупка не отвора, само што се павни. Дури да речеш круша, друг ја чукнал. Дури еднему не му се стемнит, другему не му се разденвит. Дури е младо дрвото се вие. Дури имат волој ќе имат и јареми. Дури не дајш девет не мојш да земиш десет. Дури не мрдни кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа. Дури не посеиш, нема што да жниеш. Ѓаоло ако е изел зелнико, тепсијата е на мегдан. Ѓаолот кози немаше, а сирење продаваше. Ѓаволот ни орат ни копат, само и учи луѓето да се неќа. Ѓаволот немал работа, та си давел децата. Ѓаволска кожа ни за тап’н не чинит. Еден будала шчо ќе замрткат, триста умни не может да го одметкат. Еден в клинецот, други в плочата. Еден в’лк на едно стадо му е доста. Еден мажи, друг жени. Еден мајката ја милуа, друг ќерката. Еден ум (е), дали за лете или за зиме. Еден чоек плачит, друг се радуа. Еден дирек две кшти не може да допира. Една беља не е беља, сто бели се беља. Една грешка – вечна мака. Една кашча не чини село. Една ластојца не прајт пролет. Една педа да е ама твое да е. Една прачка лесно се кршит, а поеќе мачно. Една рака и у море не може сама да се мие. Едната рака другата ја мие, а обете лицето. Еднему мајка, а другему маштеа не биди. Еднему татко, другему очув не биди. Едниот на патот, другиот на катот. Еднио умирал од глад, а другио го прашал што ручел. Едни плачет, други се смејет. Едно мислит друго зборвит. Едно на срцето друго на јазикот. Едно та вредно. Едно на ум, друго на срце, трето на јазик. Еднош викат тељалот за глуите Еднош (едношка) се умират. Еѓупска сила трње вршила со сива кобила. Еѓупска торба без дно. Езеро со лопата не се лејт (не се црпит). Еј бабо, роди дете. Еќим на веков не ќе требаше, ако болес немаше. Ела зло, без тебе позло. Ела лебу да те јадам. Ем ага, ем чалма – не бива. Ем болна, ем трудна, ем душа сака. Ем втесен, ем бесен. Ем гол, ем зол. Ем го срби, ем го боле. Ем шут, ем боде. Ергенл’к, везирл’к. Есап ќитап – торба и стап. Есен богата, зима рогата. Ефтиното месо и кучињата не го јадат. Жаба не е риба. Жабата видела м’ската, к’де ја коат си поткренала таа ногата (да ја поткојат). Жаба на суо не крекат. Жабите се плашат и од зајаците. Жеден коњ матна вода не гледа. Жална мајка на мрво дете се радуа. Жеден преку вода те (го) поминал. Железото дури е топло се чукат. Железото железо трие, а зборовите умо. Железото и дрво и камен сечит, ама и него рѓата го јадит. Железото се чука дури е вруќо. Жена вера нема. Жена години и м’ж пари никојп’т не кажвит. Жена, коњ, пушка не се даат на туѓа рака. Жена лоша, вечна мака. Жена млада и старо вино земај. Жена работница одит засукана. Жена синор немат. Жената рај, жената пекол. Жената колку е блага толку е горчлива. Жената се смејт ко ќе мојт, а плачит ко ќе сакат. Жена што шета по комшии дома здрава не си оди. Женило црнило. Жените се облекле по модата, а мажите и понесло водата. Женцките ѓаолштиње и ѓаоло не и знаи сите. Женцко коа се раѓа и стреите плачат. Жетвар без срп не бива. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан