• среда, 27 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
16 октомври 2020 Од музичкиот живот во Тетово Ој Јелено, Јеленчице Јелено ле, Јеленчице, да ти капне рамна сн’га, што ја толку престегнуваш. -Ја бре, лудо, лудо младо, што ми к’лниш рамна сн’га, ти го колни терзијата, терзијата Никче Гогов, тој што шие бели саи, па ги толку притегнуе! -Јелено ле, Јеленчице, капнало ти бело лице, што го толку обелуеш! -Ја бре лудо, лудо младо, што ми колнеш бело лице, ти ја колни телалката, што продава белилото! -Јелено ле, Јеленчице, да ти капна црни веѓе! Што ми колнеш црни веѓе, ти отиди Бошков дуќан, па ги колни Бошковците, што продава пијавице, таквија се мојте веѓе! -Јелено ле, Јеленчице, капнале ти црни очи! -Де бре, лудо, лудо младо, не ми колни црни очи, Дреноец е црно грозје, таквија се мојте очи. Во оваа песна се пее за убавината на младата тетовка, но и за вештите занаетчии и трговци од тетовско, какви што бниле терзијата Никче Гогов и трговското семејство Бошковци, но опеано е и црното грозџје од месноста Дреноец над Тетово. (Никче Гогов, угледен тетовски терзија, се преселил во Струга по Втората светска војна, поради прогонувањето од органте на државната безбедност во социјалистичкиот период.) Овој жанр е најзастапен во македонската староградска песна, која брзо се приспособува на вкусот на пошироките слоеви уште побрзо се пренесува, авторски е анонимна и една од нејзините важни карактеристики е нејзиниот реализам. Забранетите љубови на тетовските девојки Трпана Анојчина, Епса Димушеа, Ленка Ѓорушица, Благуња Пожаранка, Ленче Мисова, Васка Евгова, се како опиум за познатрите и непознатите творци на овие песни и за слушателите и препејувачите. Затоа овие песни брзо се прифаќале кај народот особено меѓу млалдите. Нивните текстови се движат на маргините на моралните сфаќања на тогашната конзервативна средина, но со љубовни пораки и уметнички вредности кои ги надминуваат таквите норми и стануваат вонвременски. Текстовите на овие песни ни ја приближуваат социолошката, духовната и психолошката слика на животот на тогашните луѓе. Откако сум млади беќар настанал, на овја дсокак уште не сум поминал, овја сокак на каранфил мириши, у сокакот една бавча широка, у бавчата бадем дрво високо, под дрвото ибришимли сеџаде, на сеџаде млада мома седеше, на ѓерѓеф си ситно везмо везеше. Во 70-тите години на 19 век, песната за Ѓорушица го опејува обидот на еден познат трговец од тоа време да закаже преку една девојка забранета средба меѓу него и оваа млада невеста: Ѓорушице црно око, ај, Ѓорушице црно око, промени се, накити се, ај, промени се, накити се, кој ќе пројде симбиљ Кочо, ај, кој ќе пројде Симбиљ, Кочо, ќе ти рече, добро вечер, ај, ќе ти рече, добро вечер. Ти му речи, дојди вечер, ај ти му речи, дојди вечер, дури не сме вечерале, ај дури не сме вечлерале. Печалбарските теми во тетовските староградски песни се мошне присутни и ги одразуваат животот и судбината на многу тетовски земејства. Најпозната меѓу нив е споменатата песна „Огрејала месечина“ во која се опејаува средбата меѓу тетовскиот трговец и трите невести од селото Сетоле, чии мажи се гурбетчии. Со сиве овие песни тетовци не само што овековечиле одредени настани туку во тој период се израз на спротивставувањето, на слободата на изразувањетѕо, на специфичниот начин на комуницирање и сето тоа содржело една рафинирана уметничка естетика. Според книгата „Македонците во Тетово од ала турка до ала франга“ од Бранислав Светозаревиќ Покорни, Скопје 2015. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан