• сабота, 23 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
26 август 2020 Преданија и легенди Селото Конче и чудотворната икона на Св.Богородица Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во таа црква се наоѓа една икона чудотворна. Иконата је од мушама и је со лицето од Св. Богородица; таа икона била најдена горе на планина од една фамилија од с. Коњче. на ден Св. Цареи (Елена и Костадин) било кога ја нашол човеко некоаш таа икона и од тоа време да до ден-денеска излегуаат селаните на истото место кај што се нашла иконата на ден Св. Цареи. Не само кончани одат тамо, ами и од друзите села што се дојдени тамо, одат и тамо свеќаваат вода за здравје и за бериќето што је по поле Богоројца да го чуа. На Спасоен се збира панаир во селото Коњче, од многу села идат не само Македонци, ами и Турци и Еѓупци. По црква после ќе поседнат луѓето поземи, на ред, еден до други и секој ќе си има послано пред себеси: кој торба од коњо, кој уздата од коњо, кој шамија од жена, кој фес од маж, кој алиште и друзи нешта. Сите тие нешта што клаваат пред себе сет од некој болни луѓе, и од болно имање. Има и од здрави луѓе што не можат да бидат тамо за да му падни иконата на нив. Откоа ќе поседнат сите луѓе на ред, ќе излезит еден чоек од црква надвор со иконата в раце, ама чоеко ет од истата фамилија, као што кажав понапре,што ја нашол иконата на планината. Иконата је закоана на черчеиња и во стредето има едно дрво, што је закачена, а пак од двете страни на иконата има две дрвца што ’и држи чоеко што ја носи. На гушата има еден ремен, обесен до појасо долг и на долнио крај има една како инка од ѓон, кај што је закачено дрвото. демек, ја носи чоеко како што се носи некој бајрак. Едно излегуање од црква чоеко со иконата, и ќе тргни да оди, ама како да не оди тој, ами како да го носи иконата, и не пополека да оди помеѓу луѓето, ами како да го носат ветриштата, се ќе трча и со двете раце ќе ’а врти и надесно и налево, ќе ’а навали на глаата на некој чоек, со ќошот од иконата. - Таксај што ќе таксаш, чоече – ќе му речи чоеко со иконата – на Света Богоројца, ако сакаш да стани од тебе иконата! На часо тој ќе такса ја ока вино за манастиро, ја педеседрам масло, ја печеесе пари. Штом ќе такса и ќе стани иконата од него, та ќе трешти да трча низ луѓе као во несвес и туку ќе падни иконата на друг чоек над глаата, и тој ќе се такса и ќе стани иконата. Така ќе трча чоеко и со двете раце ќе ја игра, налево и надесно и ќе ја носи по луѓето. На сите луѓе ќе падни иконата, арно ама, никој не знаи коа ќе му падни, чунки со ред не паѓала од чоек на чоек, ами од еднио крај ќе појдела на другио и така сите ќе ’и изредела и сите бакшиш во црквата ќе даеле. Ако сака некој да такса многу пари, од шеесе пари нагоре не примала иконата и нестануала од глаата на чоеко, тики сака-нејќи малце пари ќе таксуа, да така да стани. Мнозина болни што оделе во с. Коњче во времето коа паѓала иконата оздравуале и мнозина болни оздравеле коа му ’и однесуале кому капата, кому кошулата и друзите работи. Се забележуало од селаните оти вадењето на иконата и по луѓето имало здравје и по полето му се чинел бериќето. При сите добриње што му подаруала Богоројца на тие селани, се нашле некој даскалчиња, што абер немале од веко, да ји кандисат селаните да не ’а вадат иконата оти било страмота од Турците, да кој глеа од рисјаните. На тоа згора кандисале селаните и не ’а изведуале иконата неколку години на ред. Арно ама во тие годиње нито во луѓето здравје имало, нито во имањето, нито па во полето. Така видуајќи селаните од сите села и Турци и каури, се созборувале и ошле во Коњче та го молиле чоеко што ја носел иконата па да ја вади, како што ја вадеше секоја година и да му паѓа на глаите. Од тие големи молби од селаните, па почнале да ја вадат иконата и да паѓат како што паѓала и напред. Друга икона од град Велес чудотворна Во г. Велес имат една жена што ја викаат Марија Зрзаноа; у неа имат една икона чудотворна со лицето од Пресветаја Богоројца. Иконата јет многу стара и не ет многу голема, стредна јет, ем со два капака што ја покриваат. Кај Марија Зрзаноа је носат болни и од друзи несреќи, којшто имат, Господ да чуат, во куќа, кошули, за да преноќеваат и ноќта ќе кажела иконата (Богоројца) на Марија што ќе им бидит на тие луѓе, али арно, али лошо. Којшто не носел кошула ја земал иконата дома си кај болнио и ќе му кажела иконата на куќните од болнио али ќе оздрави, али ќе умрит. Ако не умрит болнио, иконата ќе била вечерта многу весела и радосна. Сите луѓе што ќе ја гледаат таква радосна и усмевната, сите ќе се уверуат оти болнио ќе оздравит; а пак ако је болнио за да умри, иконата ќе стои како невесела и се тука ќе се поти (од мака зер што ќе је иди дека болнио ќе умрит). Коа ќе ја видат луѓето такваа испотена, ќе се уверуаат оти ќе умрит болнио и сите ќе се ускрбат, како што ќе бидит и Богоројца ускрбена. Сопрво ќе ја обришат иконата од потта, белким повторно не ќе се испотит, арно ама са ноќ ако сакаат да ја бришат, таа пак ќе се поти и друго ништо. Од тоа потење на иконата веќе сите ќе се уверуат оти ќе умрит болнио и за вистина ќе умрит, а други ќе стани коа ќе је весела иконата. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан