• среда, 27 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
7 август 2020 Македонски народни преданија Преспа Цар Самоил имал една чупа, ќерка. А викале Преспа. Како имот и го дале овој крај на Преспа. И по нејзиното име е името на сата Преспа (Голема и Мала) и на Преспанското Големо и Мало Езеро. Ка постанало Преспанското Езеро Нека невеста колку била дојдена во една фамилија. Та не знајеше законите во фамилијата и во местото, ама му падна расот да ојт некаде, тамо кон исток, тамо кајшто се намерва местото „Рот“ близу Нивици. И тамо ти имало некој големи чежми. Чежмите имат имано толку богата вода што сељаните, а држеа водата со кључ. И сеќи кој еден ќе одеше ќе наполнеше вода, ќе земеше колку што му требеше и ќе му клаеше кључ. Па ошла невестата тамо. Ошла, ама разбрала оти шо дојде една голема паспазма. Невестата се исплашила, зела вода и си ошла дома. На ова време почна да проливат водата. Така придолжа, придолжа, придолжа дури са наполна котлината. Така постана Преспанското Езеро. Момочето со кафалчето кај Завер Било момоче во Горица од Свети Наум. Имало кафалче. Ко што пасело овците тамо му паднало кафалчето во реката. И го зеде реката. Во Свети Наум на реката перела сестра му. Ко пули - кавалче. - Еј кавалче ми дојсе реката! - вели и си го зела кафалчето, си го носи дома. Ко дојде време детето дојт да се слечит, ко пули кафалчето него дома. - Ова кафалче от кја е дојдено? Кафалчево е мое. Играв тамо кај реката, ми падна и реката ми го зеде. Како греј таја река овде? Како ми го дојсе кафалчево? - вели овчарчето. - Ами јас перев на реката. Ко пула - кафалче и го зедов! - му кажви сестрата. - Мајката! Како греј та река? - се чуди детето. И тој му вели така: - Ја сега ќе ода. Ќе закола една овца и ќе а фрла во реката. Ќе ви а дојси реката, али не ќе а дојси. Тогај ќе се осигура дали иде реката од „Завер“ во Свети Наум. И то заколва една овца и а фрла во реката. И реката а зеде. Ама ти го имаа лафо. Чекае тамо. Му ојде овцата вистина. Ојде то опе за слеквајне. - Е бре , му вели, вистина реката гредела! Овцата дојде. Сетне овчарчето почна со ред да коли овци и да и пушта по река. Ко научи стопано што прај момочето и него го закла и го пушти по река. Ко им дојде заклано детето, видо оту згрешија негојте, ама беше доцна. Иван планина и прогун Има бидено еден македонски принц. Илирите го вике Флама заш беше многу агресивен, не трпеше неправда. Бидено е и еден принц во сегашното село Ѕвезда. Името на местото го има стисно тој принц по името на чупата него. Се викала Ѕвезда. Флама имаше два деци, јунаци. Тие мнолгупати го имаа поможено таткото на Ѕвезда во бој и со ним тој брзо го имаше добиено. Арно ама, двата братја Иван и Продан е засака чупата Ѕвезда. Тога имаше совет од стари. Принцот и опита старите што да напрај, кому да е дај чупата, зашто и двата и сакаше. И двата му имале споможено мнолгу. Старите му велет овие да излезет на двобој. Кој ќе истанит жив тој да е земит негота чупа. Принцот не сакаше така. Му беше грев за обата. Тогај тој му рече: - Ќе му наполниме по едно вреште со песок. Кој ќе го зајсит прв на врво на та планина, тој да е земит чупата. И така напраја. Киниса Продан и Иван за да одет на врво на планината. До едно место Продан остана. Не можеше појќе да ојт и слезе во едно село. Иван излезе горе. Од таде даде знак. И така негото име му го дадо на планината - Иван Планина и тој е зеде чупата Ѕвезда, докога селото во кое слезе Продан го нареко Продан и дојде до Прогун. Името на Иван планина по чупата Ивана Два беќара а сака чупата Ивана. И со обата татко му на чупата беше добар, не бе карани. Да му е дај на еднио, ќе се лути другио и обратно. Зато тој им рече: - Ивана ќе бидит горе на врво. Вие ќе крените врешта по 50 ока сол или што да бидит. Кој прв ќе стаса тој ќе а земит Ивана. Ко деца млади обата крена врештата и уп угоре. Бара, бара и ко дојдо на врво, кај Ивана, пукна обата. Од жал за ним и чупата Ивана пукна. Таму са закопа три гробишта. Од тога са вика Иван Планина. Како била изградена црквата „Свети Никола“ во Туминец Црквата „Свети Никола“ во селото Туминец беше кај што е сега културниот дом. Та е изградена пред 130-150 години. Изградена е по овој начин. Некој си чоек од Стамбол видел сон. На соно му било речено: - Ќе ојш во село Туминец. На местото викано „Лиса“ во Конско има еден казан со злато. Ќе ојш кај Коља. Тој го знајт местото. Ќе го познајш по то: има десен вол шарен. Ќе го земите волот и ќе го заколите на „Лиса“ и ќе ви излези казанот со златото. Првата вечер чоекот не решил да ојт. Втората вечер му се покажало, па не решил да ојт. И третата вечер му рекол: „Ако не ојш, ќе те заколиме!“ И тој кинисал по опита кај е Туминец. Втасал тука кон ужина. Се опулил кајшто орет. Пулит волот шарен и си велит: „Онај треба да е!“ И ојт право кај орачот. - Поможи Бог! - поздравил. - Добро ми дојде! - отпоздравил Кољо. - Кољо си ти? - Кољо су! - Ајде отпрегај! Си дошле дома. Вечера. Едно, друго и му казал, вака и вака. И ошле тамо. Го заклале воло и му излегол казанот со злато. Тој зел само едни дисаги злато. Другите му и остајл на Коља. Кољо со тие пари напрај црква во Туминец и по негото име му е посвети на Свети Никола. Кољо имал појќе чупи. Сите и мажил по Ресенско и им дал доста пари. Тој имал и син Тома. Од Тома биле: Наум и Ристо. Наум имал два синој (Спиро и Нанче), а Ристо четири синој (Јоше, Коте, Стево и Ставре). Сега се живи нивните внукој и превнукој. Од книгата „Преспа под Албанија“ од Стојан Ристески, Охрид, 1993. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан