Oбичаи и верувања
- Свети свештеномаченик Антиноген Светиот свештеномаченик Антиноген, епископ од арменскиот град Пидахтон, со своите 10 ученици настрадале поради вербата во Христа, за време на императорот Мак
29 јули 2020
Свети свештеномаченик Антиноген
Светиот свештеномаченик Антиноген, епископ од арменскиот град Пидахтон, со своите 10 ученици настрадале поради вербата во Христа, за време на императорот Максимилијан. Кога на Антиноген му било заповедано да принесат жртви на идолите за да не загинат како многуте христијани тој на мачителот му одговорил: „О мачителе! Тие за коишто ти велиш дека загинале не се загинати, тие се на небо заедно со ангелите“. Потоа најпрвин биле исечени со меч учениците, а потоа и самиот Антиноген. Тоа се случило во 311 година. Споменот за нив црквата го празнува на 29/16 јули. (Подготви Марко Китевски)