• среда, 25 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
5 ноември 2020 Традиции Свирци табуанци (Свиркала и тумпала) или чалгаџиски алати (орудија) Свирки за веселење. 1. Гајда, мешница Гајдата или мешницата ет од неколку парчиња: брчало, сурла, тушник, липало (липалото ет едно парче кожинче што затиња тушникот коа да не дуа свирачот, а кога дуа – се отнуа за да влегуа здиот во брчалото; и во сурлата има по една писка од трска; јазикот од писката и него го викаат липало), таја дупчица ја викаат мрморец, киска од ремчиња и долу мониста, мавмуз (по турски) – петлев никот. 2. Тапан Тапано ет од една штица завиткана, од костен или од орев, ја викаа луб; кожа голица од брав или друго навиткана на обрач; и обрачо врзан со ортома на обата обрача и колку му чина да стега толку ја стега измотаната ортома; ремен за на рамо; тумпало – дрво што го бие тапано; прачка што бие со левата рака. 3. Сурлите Првата сурла се вика каба, втората орта и третата џура. Кабата свири надебело, ортата (стредната) стредно и џурата (танката) натанко. Местото на устината се вика шапка, третото циун (писка) и прешлен. 4. Таламбази Таламбазите се два големи дрвени вагани како лучници со кожа подврзани како тапано и со едно обраче, за обрачот сиџими за да се стегат; едниот ет со газерот свртен, а другиот со лицето, со кожата; ремен за обесување на појас; се бијат со две стапчиња како тремпетето (барабанчето). 5. Тарамбука Тарамбуката ет од земја, од широката страна ет залепена пресна кожинка танка и од тесната страна оптворена за да излегуа гласот; под левата мишка се држи и со обете раце се тумпат. 6. Дајре Дајрето ет од еден обрач или луб, од една страна со кожа каплаисано, најарната кожа ет, за да бие убао, од несит што живеит во Орицкото Езеро; има и неколку парчиња тенекии за да ѕунат. 7. Зунии и чампари Зуниите сет од туч, така и чампарите, местото кај што се држит со раце за да бијат. Чампарите се клаваат на палецо и на показалецо, така со обете раце со гајтани, и така се бијат од ќочеците и ченгиите. 8. Кемане Кемане или цигулка, кургулук (опашка), магарица, тељоите кај што стојат, јазик, кај што работат прстите од левата рака. Првиот тељ од десната страна се вика кантина, дуѓа, аразман и од бам; чивии што стегаат тељоите; прачка или од старите кеменеџии што се викаше доксан, прачка од бак’мливо дрво, концки влакна. 9. Лаута Лаутата, решлее дупки за глас да зема, куркулу кај што се врзани тељоите: кантин, дуѓа, џин, аразман, чивиите, тезене – перо од паун или друго, расцепено долу, што ’и дрнда тељоите. 10. Тамбури Таја тамбура се вика икителлија (со два теља): рачка, чивии, пердиња, текнето, тељоите, магаричето што стојат тељоите и тезенето што ‘и биет тељоите од црешоа корупка или од рог лушпа. 11. Јучтеллија Јучтеллијата се вика и баглама. Тоа тамбурче со мошне малку пердиња го свират. 12. Дорттеллија Дорттеллијата се вика и карадузен. 13. Бозук Бозукот имат шест тељои и 20 близу пердиња. 14. Саз Сазот едно го викаат шаркија; има 12 тељои и близу сто пердиња. 15. Гусла Гуслата има три тетиви, магарица, чивии, што сет стегнати тетивите, прачка со коњцки влакна за свирење. 16. Канон Канонот е направен од две штици ореови или од бука, танки, околу имат первас камко, како што имат кемането празно; на горната штица имат три решмиња за глас да даваат магарица што стојат тељоите (кантините и другите), кујурук опашка кај што стојат врзани тељоите запетлани; штица пониска од горната штица кај што стојат чивиите, седумдесет чивии со седумдесет тељои – и со помалку се свири (50), клуч што се стегаат чивиите, едно тенекијче што се става на показалец за да држи помеѓу него едно тезане од рог или од перо гускино, на двата прста клаваат таквие тенекии и држат тезениња кога свират чифте, кога не – само на деснио показалец ’и дрнка пердињата и тељоите за да праи песна и друго. Според записите на Марко Цепенков. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан