• вторник, 24 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
3 октомври 2020 Од нашите краишта Голем град во Преспа Одејќи кон Голем Град, единствениот остров во Република Македонија уште оддалеку се забележува дека тој е огромна карпа која веројатно се откинала од соседните планини заради силен земјотрес, кога по тектонски пат настанало и самото езеро. Како природна реткост островот кој зафаќа површина од околу два километри квадратни е заштитен со закон и спаѓа во рамките на националниот парк „Галичица“. Островот е познат како омилено излетничко место за посетителите на Преспа како и археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви и некрополи. Заради некогашната населеност го добил името Град, а Голем заради разликата во однос на помалиот остров Мал Град, кој исто така бил населуван. Во споредба сдо крајбрежните делови на езерото на островот владее поблага клима заради што на него ретко се забележува снег. Затоа жителите на Конско порано по неколку месеци чувале ситен и крупен добиток бидејќи е безбедно од крволочни животни. Но заради долгата излолираност добитокот често подивувал, па сопствениците го фаќале со тешкотии. Ваквиот амбиент привлекува и многу птици. Најбројни се кормораните (норчињата) кои се хранат само со риби. На југосточната страна на островот постои нивна „населба“ со бројни седела на фојовите стебла. Гранките фојата и тревата под неа се сушат со изметот на птиците, а карпите каде што слетуваат прилегаат на варосани (побелени). Во карпите до водата се кријат многубројни водни змии – белоушки. Тие не се отровници, но како влекачи се непријатни за посетителите. Правени се обиди за нивно уништување со ежови (1949) и мунгоси (1969) но поголем успех не беше постигнат. Оваа природна реткост со високи карпести рабови (до 30 м.) и специфична клима обилува со разновидни ендемични растенија. Најмногу е застапено шумското растение фоја што вирее и на самите карпи и претставува реткост. Заради бавното растење се претпоставува дека најголемите полусуви стебла се постари од илјада години. Таа е распространета во Кавказ, Иран, Крим, Мала Азија, и на Балканскиот Полуостров (во Грција, Бугарија и Македонија). Во Македонија, Вардарската долина, на Голем Град, на планината Галичица и на Пречна Планина. Расте 10-12 метри височлина со пречник на стеблото 30 до 50 см. На островот има стебла постари од три века. Во заедницата на дива фоја спаѓаат повеќе видови, но овде е најзастапена Juniperus ehcelsas. Откриени се 160 видови папрати и семени ратсенија на 180 родови и 41 фамилија. 80 од нив се јужноевропски флорен елемент. Медиотеранскиот и субмедитерснскиот флорен елемент со својата застапеност се најзначајни за Голем Град. Според биолошките форми најзастапени се терофитите односно едногодишните растенија. Реткјо се сретнува црна габер, македонски даб и благун. Голем Град претставува редок резерват каде што се размножуваат во светот ретки видови габи. Најпогоден период за развој на габите е есента (втората половина на октомври). Покрај неколкуте видови плодородни растенија застапени на островот како шт се слива, црница, дрен, шип, лозница и други, постои и смоква. Според книгата „Преспа“ од Кирил Ј. Јоновски, Скопје 2000 г. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан