• недела, 24 ноември 2024

Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК)

Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК)

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи 62. Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК).

Состанокот ќе го отворат претседателот на Комисијата, Муса Гулијев, претседателот на Собранието Јован Митрески, шефица на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК Лидија Тасевска, генерална секретарка на Собранието Цветанка Иванова и генералниот секретар на ПАБСЕК Асаф Хаџијев.

На состанокот, според агендата објавена на веб страната на Собранието, учесниците меѓу другото, ќе зборуваат за инвестирањето во човечкиот капитал за иновации и просперитет во регионот на БСЕК, а ќе биде извршен и избор на раководство на Комисијата. ев/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан