• сабота, 23 ноември 2024

Кризниот штаб на Град Скопје заседава, дел од градоначалниците се самоорганизираа да го исчистат сметот

Кризниот штаб на Град Скопје заседава, дел од градоначалниците се самоорганизираа да го исчистат сметот

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Во Град Скопје вечерва заседава Кризниот штаб за актуелните случувања во „Комунална хигиена“. По седницата најавена е изјава за медиумите на градоначалничката Данела Арсовска. 

Дел од медиумите вечерва јавија дека е тензично пред просториите на „Комунална хигиена“ каде протестираат вработените поради отпуштање на дел од вработените и барања за зголемување на платите.

Во меѓувреме, дел од скопските градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се самоорганизираа за вечерва да ги исчистат улиците од сметот. 

-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат. Градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ. бак/ев/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан