• среда, 27 ноември 2024

Kривична пријава против велешанец осомничен за „давање поткуп“ 

Kривична пријава против велешанец осомничен за „давање поткуп“ 

Велес, 22 мај 2023 (МИА) - Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против 30-годишниот велешанец И.Д., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп“, казниво по член 358 од Кривичниот законик.

Како што информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, на 13 мај, И.Д. бил лишен од слобода и при движење кон полициската станица на полициските службеници им понудил по 30 илјади денари да го ослободат. ад/бд/

Фото: Архива

Остани поврзан