• среда, 25 декември 2024

Kривична пријава за 17-годишен малолетник кој нападнал и силувал малолетничка и двајца возрасни кои во неколку наврати  физички ја нападнале

Kривична пријава за 17-годишен малолетник кој нападнал и силувал малолетничка и двајца возрасни кои во неколку наврати  физички ја нападнале

Велес, 1 август 2024 (МИА) - СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и   „полов напад и силување“ на малолетничка  казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело  „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

-Во текот на месец мај годинава, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале, информира попладнево портпаролот Билјана Ѓаковска.

Тие се лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.ад/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан