• четврток, 26 декември 2024

Израел одобри присвојување на речиси 13 квадратни километри земјиште на Западниот брег

Израел одобри присвојување на речиси 13 квадратни километри земјиште на Западниот брег

Ерусалим, 4 јули 2024 (МИА) - Израелската левичарска организација Мир сега (Шалом Акшав) денеска соопшти дека Израел одобрил присвојување на најголемиот дел од земјиштето на окупираниот Западен брег за период од околу три децении.

Според организацијата, која се противи на населувањето на Западниот брег, израелските власти одобрија присвојување на 12,7 квадратни километри земјиште во долината Јордан.

Тоа е најголемото одземање земјиште одобрено од Привремениот мировен договор во Осло од 1993 година, именуван по норвешкиот главен град бидејќи таму се преговараше.

Одземањето на земјиштето беше одобрено во јуни, но беше објавено дури синоќа, по одземањето на осум квадратни километри земја на Западниот брег во март и 2,6 квадратни километри во февруари.

Годинава е достигнат врвот во присвојувањето на земјиштето на Западниот брег, велат од организацијата Мир сега.

Палестинците сметаат дека проширувањето на еврејските населби на окупираниот Западен брег е главна пречка за секој траен мировен договор и се сметаат за нелегитимни или незаконски од голем дел од меѓународната заедница.

За Владата на Израел, Западниот брег е историски и религиозен центар на еврејскиот народ и се противи на палестинска држава. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан