• недела, 24 ноември 2024

Израелските војници го обвинија синот на Нетанјаху што остана во САД по почетокот на војната

Израелските војници го обвинија синот на Нетанјаху што остана во САД по почетокот на војната

Тел Авив, 25 октомври 2023 (МИА)  - Израелските војници кои доброволно се пријавија да учествуваат во војната против Хамас го обвинија синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир, поради тоа што остана во САД по почетокот на војната со палестинската милитантна група.

Стотици Израелци се вратија дома од странство откако армијата регрутираше повеќе од 300.000 резервисти да се борат во најголемата мобилизација во историјата на Израел, објави Дејли Меил.

Најстариот син на Нетанјаху, Јаир, има 32 години и ги исполнува сите услови за мобилизација, која вклучува луѓе до 40 години.

„Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич, додека јас сум на фронтот“, рече еден војник кој побара да остане анонимен од безбедносни причини. Тој додаде дека луѓето одат на фронт и ги напуштаат своите семејства и работа, додека Јаир остана да ужива на плажата во Флорида, каде што се пресели на почетокот на оваа година. „Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, рече војникот.

Иако никогаш не бил војник, Јаир ја отслужил својата задолжителна воена служба и работел во единицата на портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Јаир се пресели во САД по контроверзите околу неговите активности на социјалните мрежи кога ги нарече „терористи“ стотици илјади Израелци кои протестираа против владините реформи во правосудството и ги обвини САД дека ги финансираат немирите. паг/

Фото: Јаху

 

 

Остани поврзан