• среда, 25 декември 2024

Калас: Треба да покажеме дека патот на Украина кон НАТО е неповратен

Калас: Треба да покажеме дека патот на Украина кон НАТО е неповратен

Брисел, 27 јуни 2024 (МИА) - Треба да покажеме дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас на прес-конференција по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата во Брисел.

Според неа, „цената што ја плаќаат сојузниците за да ја поддржат Украина против рускиот империјализам е значително помала од онаа што би ја платиле доколку победи напаѓачот.

„Треба да имаме заедничко разбирање за заканите од Русија и да ги објасниме отворено“, повика Калас.

„Во политиката можни се изненадувања“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали е сигурно дека до крајот на неделата од Европскиот совет ќе биде именувана за следен висок претставник на ЕУ за надворешна политика.

Столтенберг истакна дека на самитот на НАТО во Вашингтон во јули важно е да се покаже подготвеност за долгорочна поддршка за Украина. Тој изрази очекување дека сојузниците ќе испратат јасна порака за патот на Украина кон НАТО.

По повод именувањето на Марк Руте за негов наследник на чело на Алијансата, Столтенберг повторно изрази целосна поддршка.

„Руте многу добро го познава НАТО, умее да бара консензус, а тоа е основен квалитет за генерален секретар“, рече Столтенберг. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан