• петок, 27 декември 2024

Извештај на ЕП: Нема пречки до ЕУ, Унијата не треба да го одложува приемот на нови членки

Извештај на ЕП: Нема пречки до ЕУ, Унијата не треба да го одложува приемот на нови членки

Стразбур, 28 февруари 2024 (МИА) - Извештајот на Европскиот парламент за проширувањето на ЕУ и реформите потребни за да се направи блокот способен да прифати нови членки укажува дека пристапот во Унијата секогаш мора да се заснова на заслуги, истовремено повикувајќи ги европските институции и членките на ЕУ да се реформираат и обезбедат дека отсуството на нивните реформи не го одложува приемот на нови членки.

Во однос на Извештајот за продлабочување на интеграцијата во ЕУ со оглед на идното проширување, за штој ќе се расправа вечерва, а ќе се гласа утре, се нагласува дека секоја земја на патот кон ЕУ треба да се оценува врз основа на исполнувањето на критериумите од Копенхаген.

Во извештајот за идното проширување на Унијата, европратениците ги поздравуваат аспирациите на бројни европски земји и нивните граѓани за пристапување во ЕУ, препознавајќи ја важноста на европската интеграција на клучните партнери (Западен Балкан, Украина, Молдавија, Грузија), како и важноста на регионалната соработка во рамките на Источното партнерство и Западен Балкан.

Се нагласува дека не може да има пречки кога се во прашање вредностите и основните принципи на ЕУ, како и дека владеењето на правото, демократските реформи, слободата на медиумите и почитувањето на човековите права треба да бидат на врвот во процесот на пристапување во ЕУ.

Исто така се додава дека борбата против корупцијата и зајакнувањето на граѓанското општество се клучни предуслови за напредок на патот кон членство во ЕУ.

Во исто време, земјите од проширувањето се охрабруваат да продолжат решително да ги спроведуваат потребните реформи и да постигнат опиплив и неповратен напредок, почнувајќи од основите во процесот на пристапување. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан