• вторник, 24 декември 2024

EУ го осуди нападот во Ирак

EУ го осуди нападот во Ирак

Брисел, 21 јули 2022 (МИА) - Дипломатската служба на ЕУ го осуди вчерашниот напад што се случи во областа Дохук во Ирак, при што настрадаа повеќе цивили, јави дописничката на МИА од Брисел.

Нападот се случи вчера близу туристички хотел на границата меѓу ирачкиот Курдистан и Турција. Осум цивили починале, а 23 се повредени  според ирачките власти, кои ја обвинија Турција за артилерискиот напад.

Анкара ги отфрла обвинувањата.

Европската Унија изрази жалење за жртвите и нивните семејства и побара истрага да докаже кој е виновен за нападот.

- Таргетирањето и убивањето цивили се спротивни на меѓународното право. Треба да се отвори истрага за да се утврди кој е одговорен за нападот и да има отчетност, соопшти дипломатската служба на ЕУ.

ЕУ им изрази солидарност на граѓаните на Ирак и ги уверува дека нејзината поддршка за стабилноста и суверенитетот на Ирак останува непоколеблива. тм/ми/

Остани поврзан