• четврток, 26 декември 2024

Eтиописката армија тврди дека го зазеде главниот град на Тиграј

Eтиописката армија тврди дека го зазеде главниот град на Тиграј
Адис Абеба, 28 ноември 2020 (МИА) - Етиописките сојузни сили презедоа „целосна контрола“ над главниот град на регионот Тиграј, Мекеле, соопшти етиопискиот воен штаб. Властите претходно соопштија дека владините сили се во завршна фаза на офанзивата во регионот и оти ќе се погрижат да ги заштитат цивилите во Макеле, град со 500.000 жители. Властите во Тиграј се уште не се огласија по повод тврдењето на етиописката армија. Во Тиграј борбите почнаа на 4 ноември и оттогаш строго се контролирани телефонските и интернет врски. ми/

Остани поврзан