• недела, 24 ноември 2024

Eвропска вселенска агенција ќе почне регрутација на идни астронаути

Eвропска вселенска агенција ќе почне регрутација на идни астронаути
Париз, 13 февруари 2021 (МИА) - Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе ја почне четвртата кампања за регрутирање астронаути, при што ќе бидат избрани од четири до шест кандидати, јави дописникот на МИА. ЕСА наведува дека целта на четвртата кампања е „промена на генерацијата“ и оти се предвидени повеќе места за жени, а можеби и за лицата со попреченост. Селекцијата почнува на 31 март со прием на кандидати и ќе заврши во октомври 2022 година. За време на претходното регрутирање во 2008 година, од повеќе од 8.000 аспиранти, помалку од десетмина ја поминаа целта, вклучувајќи го и Томас Пескет, најмладиот од европската астронаутска корпорација. Следната генерација на астронаути, која ќе биде заедно со сегашната, е предодредена да лета кон Меѓународната вселенска станица, но и кон Месечината, особено со американската програма Артемис, која има за цел, во следната деценија, враќање на астронаутите на Месечината и поставување трајна база. ЕСА веќе обезбеди три места за Европејците кои се наоѓаат во идната орбитална станица на Месечината „Гејтвеј“, како учесник на програмата. ЕСА ги охрабрува жените да аплицираат со цел да се зајакне родовата разновидност во нејзините редови. Во претходната кампања само 16 отсто од пријавените биле жени. Директор за истражување на луѓе и роботика во ЕСА, Дејвид Паркер најави дека селекцијата можеби ќе се прошири и на лица со телесна попреченост. - Заедно со регрутирањето на астронаутите, започнувам физибилити студија за парастронаути, иновација која претстои, посочи Паркер. Кандидатите од 22 земји-членки на ЕСА треба да се на возраст од 27 до 37 години и тие треба да поминат шест тестови. тг/ми/

Остани поврзан