• четврток, 26 декември 2024

Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 143

Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 143

Москва, 23 март 2024 (МИА) - Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 143, соопшти денеска Кремљ.

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) во кратка изјава објавена на Телеграм од новинската агенција Амак (поврзана со ИСИС), ја презеде одговорноста за нападот во Moсква.

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област. 

Шефот на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан