• сабота, 27 јули 2024

„1000 години Сведок на Светлината“ на фестивалот Браќа Манаки 

„1000 години Сведок на Светлината“ на фестивалот Браќа Манаки 

Дебар, 16 август 2022 (МИА) - Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ посветен на големиот јубилеј на Бигорскиот манастир ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“. 

 -Со посебна радост информираме дека документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ на КАТ продукција, на 24 овој месец (вторник), а во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, ќе биде прикажан во 20:30 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, рече сестра Ефимија. 

Додаде дека проекцијата е слободна и можат да ја проследат сите заинтересирани. 

Потсетува дека филмот „1000 години Сведок на Светлината“, кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод нашиот голем јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година. 

-Филмот, пак, ја доживеа својата свечена премиера во Македонскиот народен театар на 15 април оваа година и постигна огромен интерес и позитивни критики од вљубениците во филмската уметност ширум светот, посочи сестра Ефимија. вт/ки/

Остани поврзан