• среда, 25 декември 2024

„Шпигл“: На германските аеродроми наскоро обврзно носење маски

„Шпигл“: На германските аеродроми наскоро обврзно носење маски
Берлин, 8 јуни 2020 (МИА) - На сите германски аеродроми наскоро ќе биде воведена обврска за носење заштитни маски. Германскиот весник „Шпигл“ пишува, повикувајќи се на владините пакет мерки и раководствата на аеродромите, дека постои потреба за маски, имајќи предвид дека не е можно да се гарантира константно почитување на растојанието на аеродромите. Како што се наведува, многу е тешко да се држи растојание на безбедносните контроли и на предавањето на багажот. „Шпигл“ укажува дека оваа мерка би можела да биде воведена за една недела. Децата под шест годишна возраст би биле исклучени од обврската да носат заштитни маски на аеродромите. гт/

Остани поврзан