• четврток, 26 декември 2024

„Упорност“ в четврток ќе полета кон Марс

„Упорност“ в четврток ќе полета кон Марс
Хјустон, 26 јуни 2020 (МИА) - Вселенскиот ровер „Упорност“ (Perseverance) в четврток ќе полета кон Марс, соопшти американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА. - Ние сме подготвени да почнеме!, изјави директорот на вселенската агенција, Џим Брајденстин пред новинарите. Лансирањето е закажано за четврток, 07:50 часот по локално време, од космодромот Кејп Канаверал на Флорида. Одговорниот за проектот, Омар Баец, нагласи оти на лансирањето работи од дома. Претходните американски ровер-мисии покажаа дека животот на Марс е можен, т.е. дека постојат поволни услови за живот (јаглерод, вода и поволна клима). - Но, се уште не знаеме дали има живот на Марс и со оваа мисија, која се планира од 2012 година и е наречена „Марс 2020“, ќе се обидеме да одговориме на тоа прашање. За прв пат во историјата, НАСА посвети мисија на астробиологија - истражување на животот - можеби сегашен или поранешен, на друг планета, рече Брајденстин. Роверот „Упорност“ требаше да биде лансиран на 17 јули, но поради технички проверки, тоа беше одложено за две недели. Роботот со големина на мал автомобил ќе бара знаци на живот и, можно постоење на микроби на Марс - сега или во минатото. Натаму, ќе има и проучување на климата и геологијата, односно ќе се собираат примероци од карпите и од почвите. Досега само Американците успеаја да спроведат подолги мисии со ровер на Марс, наречени „Pathfinder“ (Патопоказател), „Spirit“ (Дух), „Opportunity“ (Прилика) и „Curiosity“ („Љубопитност“ - што е единствен што се уште е во функција). Кина исто така, работи на своја ровер-мисија на Марс. Возилото-робот со четири тркала, под назив Тјанвен-1 беше лансирано минатата недела, а слетувањето се предвидува во мај следната 2021 година.  си/сд/

Остани поврзан