• понеделник, 29 јули 2024

„Тагешпигел“: САД пресретнале заштитни маски наменети за Германија

„Тагешпигел“: САД пресретнале заштитни маски наменети за Германија
Берлин, 3 април 2020 (МИА) - САД пресретнале и пренасочиле пратка заштитни маски од Кина наменета за Берлин. Берлинските власти нарачале од еден производител на заштитни маски FFP2 и FFP 3 за интервентните сили и за персоналот за нега, пишува весникот „Тагешпигел“ прецизирајќи дека нарачката била од американска компанија која произведува во Кина. Нарачаната стока на пат од производителот до Германија била пресретната од САД и транспортирана во таа држава. Берлинските власти велат дека имаат доволно заштитна опрема, но пожарникарите веќе мора да користат заштитни маски со поминат рок на употреба. јт/зш/

Остани поврзан