• среда, 25 декември 2024

„Пандевци“ ја прифатија понудата на Шкендија за Дориев

„Пандевци“ ја прифатија понудата на Шкендија за Дориев
Струмица, 19 јули 2020 (МИА) - Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Љупче Дориев, кој заминува да ги брани боите на тетовскиот тим. Дориев беше еден од најдобрите поединци во тимот и миленик на струмичката публика. Од клубот велат дека тој посакал промена на средината. - Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб, соопштија од Академија Пандев.

Остани поврзан