• недела, 24 ноември 2024

„Не можете во ЕУ со величење на Тито“, вели бугарската министерка. Но дали знаете дека и Тито повлекува ЕУ фондови?

„Не можете во ЕУ со величење на Тито“, вели бугарската министерка. Но дали знаете дека и Тито повлекува ЕУ фондови?
17 ноември 2020 (МИА) Недељник.рс Не можете да влезете во Европската Унија и да го демократизирате своето општество, а од друга страна да го величите еден од најмрачните диктатори, Тито. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Мета на нејзината изјава беше Македонија, од скоро Северна Македонија, која од своите соседи наоѓа на сериозни пречки во процесот на европски интеграции. Бугарија, имено, се заканува со вето на усвојувањето на преговарачката рамка со Северна Македонија и одржување на прва меѓувладина конференција на која би се отвориле првите преговарачки поглавја. Логично, оваа изјава предизвика бурни реакции меѓу Македонците. Не само кај нив. Загрепскиот „Вечерњи лист“ истакнува и реакции на Флоријан Бибер кој тврдењето на Захариева апсурдно, па праша како Словенија и Хрватска успеале да влезат во ЕУ. Величењето на Тито во поранешните југословенски републики секако е приказна за себе, и во секоја република тоа е тема за сериозна полемика и далеку од тоа може да се зборува за некој преовладувачки став. Иако во Македонија, од неодамна Северна Македонија, можеби Тито предизвикува и најмалку поделби. Сепак, „Вечерњи“ потсетува дека во Словенија дури и еден споменик составен од мозаични камчиња во облик на буквите Тито, успеа да привлече пари од Европскиот земјоделски фонд за рурален развој, така што „може да се каже дека во таа држава Тито дури и повлекува пари од фондовите на ЕУ“. Она што на Бугарите, конкретно на Захариева и пречи кај Тито, е што го обвинуваат за наметнување нов идентитет на Македонците, бидејќи нив ги сметаат за народ кој претходно се изјаснувале кко Бугари, како и тоа дека Србите пред Тито се обидувал да им наметнат идентитет „јужни Срби“. Бугарската дипломатија испрати еден „објаснувачки меморандум“ на сите држави членки на ЕУ во кој се наведува дека Јосип Броз Тито – се мисли на измислување на македонскиот идентитет – се чини дека бил инспириран од одлуката на Коминтерната од 1934 година за креирање нови нации, Македонци, Тракијци и Добруѓани. -Ако продолжиме да затвораме очи пред фактот дека таа земја продолжува да се развива како што тоа го замислиле Тито и Сталин, тогаш ги извршуваме работите на Москва, рече Захариева, министерка за надворешни работи, за телевизијата БТВ. нд/са/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан