• четврток, 26 декември 2024

„Коха“: Сомнителен случај на коронавирусот во Приштина (ДПЛ)

„Коха“: Сомнителен случај на коронавирусот во Приштина (ДПЛ)
Приштина, 8 февруари 2020 (МИА) - Косовскиот весник „Коха“ вечерва објави дека во Клиниката за инфективни болести во Приштина е примен пациент, кој најверојатно е заразен со коронавирусот. Директорката на Клиниката за инфективни болести при Универзитетскиот клинички центар во Приштина, Линдита Бериша, на прес-конференција изјави дека денеска во 17 часот е хоспитализирана жена, за која постои сомневање дека има коронавирус. Таа наведе дека пациентката е изолирана и ќе биде сè додека не се направат соодветни анализи. Како што јави телевизијата „Клан Косово“, министерот за здравство, Арбен Витиа изјави дека пациентка е странски државјанин односно од Велика Британија и има симптоми на коронавирус, но тоа ќе биде потврдено откако ќе излезат резултатите од анализите. - Станува збор за странски државјанин, која престојувала во ски-центар надвор од Косово, со пет други лица за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус, истакна Витиа“. Тој додаде дека пациентката има кашлица и има некои благи симптоми. - Ги чекаме резултатите од анализите, екипите и сите потребни материјали се достапни. Околу полноќ се очекуваат резултатите и се надевам дека нема да бидат позитивни , посочи Витиа. Косовскиот министер за здравство наведе дека пациентката се сомневала дека е инфицирана, откако видела дека тие со кои престојувала во скијачкиот центар биле заразени со коронавирус. шк/ми/

Остани поврзан