• сабота, 23 ноември 2024

„ЕСПН“ ги објави десетте најдобри трансфери на слободни агенти

„ЕСПН“ ги објави десетте најдобри трансфери на слободни агенти
Вашингтон, 20 април 2020 (МИА) – Спортскиот портал „ЕСПН“ објави 10 најдобри трансфери на фудбалери кои во моментот на потписот со новиот клуб биле без договор. Трансферот на напаѓачот Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен е прогласен за најдобар. Полјакот се пресели бесплатно од еден германски клуб во друг во текот на летото 2014 година. Ваквите трансфери, кога играчот ќе го напушти клубот без компензација по истекот на договорот, стана можно по декември 1995 година, кога Белгиецот Жан-Марк Босман ја доби тужбата против Лиеж, кој и покрај завршувањето на договорот не го пушташе  играчот да оди во Данкирк, по што тој ја загуби работата и се најде во тешка финансиска состојба. Топ 10 бесплатни трансфери: 1. Роберт Левандовски (од Борусија во Баерн во 2014 година) 2. Андреа Пирло (Од Милан во Јувентус во 2011 година) 3. Саул Кембел (од Тотенхем во Арсенал во 2001 година) 4. Луис Енрике (од Реал Мадрид во Барселона во 1996 година) 5. Роберто Баџо (од Милан во Болоња во 1997 година, од Интер во Бреша во 2000 година) 6. Стив Мекманаман (од Ливерпул во Реал Мадрид во 1998 година) 7. Руд Гулит (од Сампдорија во Челзи во 1995 година) 8. Хенрик Ларсон (од Селтик во Барселона во 2004 година) 9. Џејмс Милнер (од Манчестер сити во Ливерпул во 2015 година) 10. Естебан Камбијасо (од Реал Мадрид во Интер во 2004 година, од Интер во Лестер во 2014 година). зс/

Остани поврзан