• сабота, 28 декември 2024

„Ерусалим пост“: Турската армија напаѓа руски авиони во Сирија

„Ерусалим пост“:  Турската армија напаѓа руски авиони во Сирија

Москва, 27 февруари 2020 (МИА) - Турски воени специјалци во сириската провинција Идлиб користеле ракети за да се обидат да ги соборат руските и сириските воени авиони, пишува весникот „Ерусалим пост“, откако беше соопштено дека сириските бунтовници, поддржани од турската армија, го зазеле градот Најраб во Идлиб.

„Небото над Идлиб исто така е опасно. Бунтовниците и турските специјалисти активно користат преносни системи за противвоздушна одбрана“, се наведува во извештајот.
Во текстот се додава дека руските и сириските авиони биле принудени да преземат соодветни дејства.
Други детали не се соопштуваат. паг/
     

Остани поврзан