• четврток, 26 декември 2024

„Епл“ ќе ги претстави новите ајфони на 13 октомври

„Епл“ ќе ги претстави новите ајфони на 13 октомври

Вашингтон, 6 октомври 2020 (МИА) - Американскиот технолошки гигант „Епл“ денеска соопшти дека презентацијата на новиот модел на паметни телефони, ајфон 12, ќе се одржи на 13 октомври, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Најаватa за настанот во компанијата беше придружена со слоганот “Hi, speed” што значи „Здраво, брзино“, и асоцира на high speed голема брзина. 

На презентацијата, „Епл“ ќе претстави четири нови смартфони. Тие ќе имат квадратни агли (слично на последниот ајпад) и 5Г-поддршка. Два од моделите се замена на ајфон 11 про и ајфон 11 про макс. Другите модели се следно поколение на базичните модели ајфон 11. Еден од двата ајфон 12 ќе биде со 4Г-поддршка, а другиот со. кб/  

Остани поврзан