• среда, 25 декември 2024

„Емирати“ бара од персоналот да земе неплатен одмор

„Емирати“ бара од персоналот да земе неплатен одмор
Дубаи, 3 март 2020 (МИА) – Авиокомпанијата „Емирати“ побара од членовите на персоналот да земат неплатено отсуство во траење од еден месец, откако брзото ширење на новиот коронавирус предизвика откажување на летови низ целиот свет. „Емирати“ ги откажа летовите кон Иран, Бахреин и голем дел од Кина. Главниот оперативен службеник на компанијата, Адел ел Рада рече дека „Емирати“ имаат повеќе ресурси отколку што е потребно и оти тоа е резултат на откажување или намалување на бројот на летовите. јт/

Остани поврзан