• недела, 24 ноември 2024

„Дамбо“ и „Книга за џунглата” цензурирани на ТВ-платформата „Скај“

„Дамбо“ и „Книга за џунглата” цензурирани на ТВ-платформата „Скај“
Лос Анџелес, 22 јуни 2020 (МИА) - Операторот за платена телевизија во САД, „Скај“ додаде предупредувања за „застарени содржини“ кон неколку филмови, меѓу кои и анимациите „Дамбо“ и „Книга за џунглата”. Имено, при барање на овие класици на „Дизни”, сега прво се појавува предупредувачки натпис: „Овој филм содржи застарени видувања, говор и културни стереотипи и пресликувања коишто денес може да се сфатат како навредливи“. Вкупно 16 филма од платформата на „Скај синема“ веќе го имаат тоа предупредување за гледачите.  Меѓу нив е и една друга детската класика - „The Goonies“ (Ѓаволчиња), од 1985 година. си/ссм/

Остани поврзан