• среда, 25 декември 2024

„Глобално затоплување“ победничка маса на тетовската манифестација „Вешта жена“

„Глобално затоплување“ победничка маса на тетовската манифестација „Вешта жена“
Тетово, 9 март 2020 (МИА) - Зорица Марковска е победничка на 29-тото издание на манифестацијата „Вешта жена“ во Тетово. Таа подготви главно јадење, торта и аранжман на маса на тема „Глобално затоплување“. -Мотото на манифестацијата годинава беше „Љубов и разбирање во светот“. Победничката Зорица која ја избра темата на глобално затоплување ќе биде претставник на Тетово на Републичкиот избор на Вешта жена што ќе се одржи на 8 и 9 мај, изјави Снежана Стојановска, претседателка на организацијата „Вешта жена“. Главна карактеристика на годинешното одржување на „Вешта жена“ беше учеството на пет ученички од средното стручно училиште „Моша Пијаде“ од Тетово. -Тие беа обучени од страна на Габриела Димовска и Елена Булевска, долгогодишни членки на „Вешта жена“. Ученичките покажаа дека со нивна креативност можат да се носат во сите останати возрасни учеснички на манифестацијата, рече Стојановска. Победничката се избира со тоа што жирито дава поени во 8 категории, како што се главно јадење, сервирање и аранжирање на маса, вкус, експонат и друго. Во изборот на победничка се вбројуваат и гласовите на публиката. ас/ир

Остани поврзан