• четврток, 26 декември 2024

„Алибаба“ нуди кредит од речиси три милијарди долари за фирми погодени од коронавирусот

„Алибаба“ нуди кредит од речиси три милијарди долари за фирми погодени од коронавирусот
Хангџоу, 10 февруари 2020 (МИА) - Холдинг групата Алибаба соопшти дека финансиската единица Вест банк ќе понуди кредит од 2,86 милијарди долари за компаниите во Кина кои се погодени од коронавирусот. Приоритет ќе имаат фирмите од кинеската покраина Хубеи, односно градот Вухан, од каде започна да се шири епидемијата. Во соопштението на Алибаба се наведува дека кредитите ќе имаат ниски каматни стапки. гт/

Остани поврзан