• среда, 25 декември 2024

Џ. К. Роулинг: Не можевте „подлабоко“ да не ме разберете

Џ. К. Роулинг: Не можевте „подлабоко“ да не ме разберете

Лондон, 16 февруари 2023 (МИА) - Писателката на романите за Хари Потер последниве години стана позната по наводно „трансфобични“ коментари на интернет, па во следното гостување на интернет-емисија, под наслов „Прогонот на вештерките на Џ. К. Роулинг“, таа говори за тоа.

Во најавата, Роулинг вели дека „никогаш не сакала да вознемири никого“, туку имала различни размислувања за своето наследство и заднина од оние на некои обожаватели. Интернет-емисијата ја води Меган Фелпс-Ропер. Интервјуто ќе биде објавено на 21 февруари.

- Она што ме засегна последниве 10 години, и секако - последниве неколку, две, три години, особено на социјалните мрежи... „Го уништивте вашето наследство“; О, можевте да бидете сакани засекогаш, но избравте да го кажете ова“... И јас си велам: „Не можевте 'подлабоко' да не ме разберете“, одговара Роулинг.

Контроверзиите се разгореа во 2020 година, по јавно искажаните ставови и написите на Џ. К. Роулинг околу половата разноликост. Некои од тврдењата на Роулинг, како што е „експлозијата штo ja има во младите жени кои сакаат промена (на полот)“, беа означени како „трансфобични“.  си/

Остани поврзан