• сабота, 09 ноември 2024

Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат

Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат

Вашингтон, 28 јуни 2024 (МИА) - Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат, изјави портпаролот на неговата кампања, Сет Шустер.

„Секако дека нема да се откаже,“ изјави Шустер по дебатата на Бајден со Доналд Трамп, по која некои демократи изразија незадоволство, а дел од јавноста повика тој да се повлече од трката.

Бајден по дебатата исто така потврди дека нема да се откаже од трката за нов мандат, додавајќи дека е тешко да се расправа со „лажливец“. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан