• петок, 27 декември 2024

Џојстикот на плејстејшн 5, најверојатно, ќе ги бележи реакциите на телото

Џојстикот на плејстејшн 5, најверојатно, ќе ги бележи реакциите на телото
Сеул, 25 февруари 2020 (МИА) - Сони внимателно ги крие тајните поврзани за најновата конзола на плејстејшн во најава, но тие сè повеќе „случајно“ се откриваат и „протекуваат“ во јавноста. Меѓу последните гласини, се и оние дека сони плејстејшн 5 ќе биде компатибилен со игрите на „четворката“. Се говори и за нов патент што овозможува дополнителни функции на џојстикот... Станува збор за технологија со опции за следење за телесните реакции на играчот при играњето - колку тој се поти, колкав е бројот на отчукувања на срцето итн. „Производителите сакаат на гејмерите да им понудат интерактивно и тридимензионално искуство, заради поголемо уживање во игрите. Сè поголемиот пристап до екрани кои се држат на глава како, на пр., ВР-очилата, ја направи оваа технологија доста барана", се вели во описот на патентот. Овие наводи сѐ уште не се официјално потврдени. Датумот на објавување на плестејшн 5, како и продажната цена, сѐ уште не се познати. Сони ги почитува строгите НДА-стандарди, за да ги заштити патентите што се дел од новата конзола. Освен тоа, и Мајкрософт имаше планови оваа година да ја претстави својата икс-бокс, па Сони се обидува да ги скрие своите адути. си/сд/

Остани поврзан