• среда, 27 ноември 2024

Џорџ Флојд починал од задушување, покажала обдукцијата

Џорџ Флојд починал од задушување, покажала обдукцијата
Вашингтон, 1 јуни 2020 (МИА) - Резултатите од обдукција извршена врз телото на Џорџ Флојд, а побарана од семејството, покажаа дека тој починал од задушување поради притисок врз неговиот грб и вратот затоа што полицаецот Дерек Шовин неколку минути клечел врз неговиот врат и ги игнорирал неговите повици за помош,  изјавија адвокатите на семејството. Лекарите кои извршиле обдукција на Афроамериканец, чија смрт за време на полициската операција во Минеаполис предизвика протести низ САД, соопштија дека станува збор за убиство. Обдукцијата, исто така, покажала дека притисокот го прекинал протокот на крв во мозокот на Флојд, а тежината врз грбот го оневозможувала дишењето, додаваат американските медиуми. Еден од докторите кои ја извршиле обдукцијата, на прес конференција изјави дека Флојд претходно немал здравствени проблеми што би придонеле за неговата смрт.

Остани поврзан