• петок, 27 декември 2024

„Џорџо Армани“ откажа ревии во Милано и Париз

„Џорџо Армани“ откажа ревии во Милано и Париз
Милано, 5 јануари 2022 (МИА) - Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ вчера ги откажа своите машки ревии во Милано и Париз поради загриженост за безбедноста на учесниците. Во соопштението се наведува дека компанијата жали за ваквите одлуки, но тие се донесени поради влошената состојба со коронавирусот во светот. - Модните ревии се многу важни и незаменливи можности за претставување нови колекции, рече основачот на брендот и моден дизајнер Џорџо Армани, објаснувајќи дека безбедноста на учесниците, вработените и посетителите, е приоритет на неговата модна компанија. Компанијата објави дека ќе ги откаже машките ревии на претстојните два настана во јануари. си/сд/

Остани поврзан