• среда, 18 декември 2024

Џорџија повторно ги пребројува гласовите, Аризона и Северна Каролина се уште бројат

Џорџија повторно ги пребројува гласовите, Аризона и Северна Каролина се уште бројат
Вашингтон, 11 ноември 2020 (МИА) - Во американската сојузна држава Џорџија повторно ќе бидат преброени сите гласачки ливчиња, изјави денеска државниот секретар на Џорџија, Бред Рефенспергер. Тој истакна дека сите гласови повторно ќе бидат преброени рачно, бидејќи разликите се многу мали, а процесот ќе почне при крајот на неделава. Победата во Џорџија носи 16 електорски гласови. Остануваат да се пребројат уште гласовите во Аризона и Северна Каролина, каде се преброени 98 отсто од гласовите. Засега во Аризона, која носи 11 електорски гласови, води Џо Бајден со 49,4 отсто, наспроти Доналд Трамп кој засега има 49 проценти од гласовите. Во Северна Каролина води Трамп со 50 отсто од гласовите, Бајден има 48,7 проценти, а победата во таа држава носи 15 електорски гласови. гт/

Остани поврзан