• недела, 24 ноември 2024

Џон Кирби со нова функција во Белата куќа - советник за комуникации поврзани со националната безбедност

Џон Кирби со нова функција во Белата куќа - советник за комуникации поврзани со националната безбедност

Вашингтон, 24 февруари 2024 (МИА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, сега ќе има поголема улога во администрацијата на Белата куќа.

Според американски официјални претставници, тој ќе има нова функција - советник за комуникации поврзани со националната безбедност.

Кирби започна со работа во Белата куќа во 2022 година како координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност. Претходно немаше таква позиција во Советот.

Сега, според неговите проширени должности, тој ќе раководи посебен тим кој ќе ги координира информациите помеѓу различните американски агенции поврзани со безбедноста.

Кирби е пензиониран адмирал на американската морнарица. Тој работеше како портпарол на Пентагон и Стејт департментот за време на администрацијата на Барак Обама. паг/

Фото: ЕПА



 

Остани поврзан