• четврток, 26 декември 2024

Џон Кери: Папата е морален авторитет во борбата против климатските промени

Џон Кери: Папата е морален авторитет во борбата против климатските промени
Рим, 15 мај 2021 (МИА) - Папата Франциск е „убедлив морален авторитет“ во борбата против климатските промени, изјави американскиот специјален пратеник Џон Кери за Ватикан њуз по состанокот со понтифот. - Светиот Отец е еден од најмоќните гласови на планетата, ако не и најмоќниот, рече Кери во интервју за информативниот портал на Ватикан. - Но, бидејќи тој е над политиката и е надвор од националните конфликти, мислам дека може малку да ги размрда луѓето и да ги доведе на маса за дијалог со подоброчувство за нашата заедничка должност, рече Кери, во американската администрација задолжена за прашања од сферата на борбата против климатските промени. Кери, кој е на европска турнеја што ќе го одведе во Велика Британија и Германија по Рим, се состана со папата во Ватикан еден ден по средбата со премиерот Марио Драги. - Папата е еден од највисоките гласови на разум и убедлив морален авторитет во врска со прашањето за климатската криза, рече Кери, додавајќи дека верува оти папата ќе присуствува на ноемвриската конференција на ООН за климатските промени во Глазгов. - Ни требаат сите во оваа битка. Сите светски лидери мора да се обединат и секоја земја мора да го одработи својот дел, рече тој. Папата ги нарече климатските промени „еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото“ денес. Тој ги обвини индустријализираните земји како најодговорни за кризата, истовремено зборувајќи за сиромашните во земјите во развој кои ќе ги почувствуваат најлошите ефекти од неа. Минатиот месец, американскиот претседател Џо Бајден најави дека најголемата економија во светот ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 50 до 52 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 2005 година, што двојно зголемување на претходното ветување на земјата. Кери, поранешен сенатор кој служеше како државен секретар на претседателот Барак Обама, рече дека следните шест месеци ќе бидат клучни за зајакнување на поддршката за градење на обврските кои произлегуваат од Парискиот договор од 2015 година. ссм/

Остани поврзан