• четврток, 26 декември 2024

Џонсон: Мерките ќе се олеснуваат со „детски чекори“

Џонсон: Мерките ќе се олеснуваат со „детски чекори“
Лондон, 12 мај 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека олеснувањето на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус ќе се одвива со „детски чекори“. Премиерот Џонсон исто така предупреди дека може да се вратат мерките доколку стапката на заразени повторно се зголеми, пренесува британскиот весник „Индипендент“ на својата веб-страница. Во Велика Британија се заразени 223.060 лица, починаа 32.065, најголем број во Европа, а се излекуваа 43.512 пациенти.  

Остани поврзан