• среда, 25 декември 2024

Џонсон: Ја прифаќам казната на полицијата за кршење на карантинот

Џонсон: Ја прифаќам казната на полицијата за кршење на карантинот
Лондон, 12 април 2022 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја прифаќа казната на полицијата за кршење на правилата за карантин во 2020 година и оти го разбира гневот на јавноста, но повтори дека тогаш не мислел дека го прекршил законот. - Морам да кажам, искрено, тогаш не ми падна на памет дека можеби во прашање е кршење на правилата. Но, се разбира, полицијата утврди поинаку и јас целосно го почитувам исходот од нивната истрага, изјави Џонсон за Би-Би-Си. Кабинетот на Борис Џонсон потврди дека премиерот на Велика Британија ќе биде казнет поради кршење на анти-ковид мерките и организирање забави во владините канцеларии за време на строгите ограничувања, а ќе биде казнет и министерот за финансии Риши Сунак. јт/

Остани поврзан